29 мај 2025
• од Вардарски
Кочани – Преживеаните од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ кој се случи на 16 март 2025 година, испратија отворено писмо до јавноста преку „Слободен печат“, изразувајќи длабока загриженост поради ненадејната промена во нивната здравствена нега. Во писмото, тие алармираат за сериозни последици кои може да произлезат од заминувањето на докторката Катерина Паниќ – докторка која, според нив, била повеќе од медицински професионалец: таа била нивна надеж и поддршка во најтешките моменти.
Од 1 јуни 2025 година, докторката Кате, како што нежно ја нарекуваат пациентите, повеќе нема да биде дел од тимот на ЈЗУ Општа болница – Кочани, бидејќи заминува на работа во друга здравствена установа. Преживеаните истакнуваат дека до денес не им е соопштено кој ќе ја замени, ниту каков ќе биде понатамошниот тек на нивното лекување – што дополнително го засилува чувството на страв и напуштеност.
„Не е исто кога некој само ја пополнува смената и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме – секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка“, пишуваат повредените, потенцирајќи дека докторката Кате со својата човечност, посветеност и разбирање им пружила повеќе од медицинска нега – им дала стабилност во време на неизвесност.
Во своето писмо, тие остро реагираат на односот на институциите, кои, според нив, и покрај бројните јавни апели, ги игнорирале нивните барања за подобри услови и зголемување на медицинскиот персонал. Наместо тоа, велат, останале без единствената докторка која 24 часа дневно била покрај нив.
„Наместо поддршка – добиваме молк. Наместо стабилност – неизвесност“, се вели во писмото, во кое тие ја опишуваат мизерната здравствена инфраструктура – каде што и по два месеца од несреќата, уште ги лекуваат раните во мијалници стари половина век.
Пациентите посочуваат дека нивната намера не е да критикуваат, туку да испратат апел до институциите за итна реакција и одржливо решение. Тие ја повикуваат државата да овозможи докторката Кате да продолжи со прегледите – дури и волонтерски, како што таа сама изразила подготвеност.
„Ние не сме статистика. Не сме тивко минато. Заслужуваме вистинска грижа, не половична. Заслужуваме сигурност, не само надеж. Заслужуваме иднина“, порачуваат преживеаните од Кочани и бараат одговорност, а не сочувство.
Нивниот апел е јасен и моќен – да не бидат заборавени од системот, и да им се обезбеди континуирана, човечка и квалитетна здравствена грижа.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj