29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, изјави дека Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во каква било форма, освен барањето да се почитуваат постоечките договори. Таа потенцираше дека прашањето за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија е меѓу ЕУ и самата држава, а не прашање за кое би требало да се преговара со Бугарија.
„Условите за пристапување не се бугарски услови, туку се дел од договорот кој Република Северна Македонија го потпиша со ЕУ во 2022 година“, потсети Киселова. Таа ги оцени како „политички интриги“ тврдењата дека се работи за билатерални односи меѓу Скопје и Софија во овој контекст.
Киселова истакна дека Народното собрание на Бугарија едногласно донело одлука на 30 мај за поддршка на европскиот пат на Северна Македонија, притоа нагласувајќи дека очекува обврските од европскиот консензус и Договорот за пријателство и добрососедство од 2018 година да бидат исполнети.
„Ќе се обидеме да ѝ помогнеме на Република Северна Македонија да започне преговори со ЕУ“, додаде Киселова. Таа објасни дека одложувањето на поканата за отворање на пристапни преговори е резултат на неизвршени обврски кои Северна Македонија претходно ги прифатила, а сега се бараат аргументи за нивно одложување.