06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во гостување во подкастот Коридор 8, писателот и јавен интелектуалец Ким Мехмети упати сериозна критика за односот на македонското општество и институциите кон говорот на омраза, особено кога е насочен кон Албанците.
Мехмети истакна дека во земјата со години не само што изостанува соодветна санкција за јавни повици и навреди врз етничка основа, туку ваквото однесување често се претвора во политички капитал. Според него, постојат поединци кои токму преку отворена нетрпеливост изградиле јавни кариери и станале дел од политичката елита.
„Имаме случаи каде што луѓе што јавно негирале дека со Албанците има што да се дели во оваа држава, денес се функционери или советници во институциите“, нагласи Мехмети, посочувајќи дека таквата практика испраќа опасна порака – дека омразата носи награда, а не одговорност.
Тој додаде дека оваа појава не е изолирана, туку системска, и дека создава клима во која се релативизираат екстремните ставови. Во таков контекст, како што рече, сосема е легитимно да се постави прашањето колку навистина постои волја за заедничка држава и искрен соживот.
„Кога говорот на омраза станува пат кон позиција, тогаш проблемот не е само кај поединците, туку и кај системот што тоа го дозволува“, оцени Мехмети.
Гостувањето во „Коридор 8“ отвори поширока дебата за одговорноста на институциите, политичките партии и јавноста во справувањето со говорот на омраза и за потребата од јасни стандарди што ќе ја штитат идејата за мултиетничка и заедничка држава.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

