Кичевец лишен од слобода поради возење под дејство на алкохол
На 26 април 2025 година, во раните утрински часови, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево го лишија од слобода 63-годишниот М.Б. од Кичево.
При спроведување на сообраќајна контрола на локален пат во кичевската населба Горица, полициските службеници го запреле патничкото моторно возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал М.Б. По извршени проверки, било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
М.Б. е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.