07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами, упати честитки до студентите за денешниот протест, оценувајќи го како достоинствен и со високо ниво на граѓанска свест. Тој воедно вети дека прашањето со испитот по правосудство ќе биде решено, и дека истиот ќе може да се полага и на албански јазик.
Во својата изјава, Касами нагласи дека барањата на студентите се оправдани и дека институциите ќе преземат конкретни чекори за нивно исполнување.
„Им честитам на студентите за достоинствениот протест и високата граѓанска свест што ја покажаа денес. Нивното барање е праведно и, како што ветив на нашата прва средба, ова прашање ќе го решиме. За првпат по независноста на државата, испитот по правосудство ќе се полага и на албански јазик“, изјави Касами.
Тој додаде дека обидите на, како што рече, „милионерската елита на поранешната власт“ да се вмеша во студентското движење биле неуспешни.
„Оние кои се обидоа да ја злоупотребат чистата студентска кауза доживеаја неуспех. Граѓаните добро ги познаваат и нивните манипулации нема да поминат“, истакна Касами.
Оваа најава доаѓа по зголеменото незадоволство меѓу студентите, кои бараат еднаков пристап и јазична еднаквост во полагањето на стручните испити, особено во областа на правосудството.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

