TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да го дефокусира вниманието од реалните проблеми

20 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, оцени дека актуелната власт намерно го пренасочува вниманието на јавноста од суштинските економски и општествени проблеми, со цел да прикрие неуспеси во своето работење. Во гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, таа посочи дека граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови и економска неизвесност, додека владата, наместо решенија, се фокусира на опозицијата.

Според Каранфилова Пановска, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ свесно се обидува да создаде внатрешни поделби во СДСМ, со цел да ја ослабне опозицијата. Таа како пример го наведе случајот со поранешниот градоначалник Петре Шилегов, оценувајќи дека ваквите ситуации се користат за политички манипулации, наместо да се отвори дебата за конкретни политики и решенија.

„Не станува збор за различни мислења или политички концепти, туку за отсуство на суштинска дебата. Не слушнавме конкретни предлози за политики, ниту критика кон власта, што укажува дека ваквите постапки не се во интерес на СДСМ, туку одат во прилог на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна таа.

Каранфилова Пановска нагласи дека власта, наместо да се занимава со предизвиците со кои се соочува државата, троши време на политички пресметки со опозицијата. Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е речиси две години на власт, но, како што рече, не успеала да реализира значајни политики или проекти во интерес на граѓаните.

„Дали има барем една нова политика или проект што го започнаа и завршија? Освен оние што ги затекнаа од претходната влада, не гледаме конкретни резултати. Во меѓувреме, животниот стандард на граѓаните се влошува, особено со новите ценовни удари предизвикани од растот на цените на енергенсите, што директно се одразува и врз цените на основните производи“, рече Каранфилова Пановска.

Таа дополнително ја критикуваше владата за, како што рече, лошо управување со јавните финансии. Според неа, државниот буџет е во сериозна состојба, со дефицит од околу 2 милијарди евра и проблеми со ликвидноста.

„Буџетот не е способен да ги сервисира ниту тековните обврски, а камоли да го поддржи стопанството. Се доцни со поврат на ДДВ кон компаниите, а 2025 година е завршена со 8 проценти помалку реализирани приходи. Во исто време, имаме нови задолжувања – една милијарда евра внатрешно и дополнителни 300 милиони евра. Останува прашањето каде завршија средствата од претходните задолжувања, вклучително и унгарскиот кредит“, посочи таа.

Каранфилова Пановска заклучи дека ваквата состојба бара фокус на реалните економски проблеми и политики што ќе го заштитат стандардот на граѓаните, наместо политички дефокус и внатрешни конфликти.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Скопјанка го пријавила сопругот за насилство врз малолетни деца

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Жените во Македонија живеат околу 4,4 години подолго од мажите

ВРЕМЕ
20 март 2026

Денес започнува пролетта, ќе трае 92 дена

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Куманово: полицијата приведе лице, пронајдена бела прашкаста материја

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Јавниот превоз во Скопје со изменет возен ред за празничниот викенд

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Уапсени 9 возачи за опасно возење, шестмина без возачка дозвола – меѓу нив и малолетник

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Реакција на индустријата: Предлог-законот за тутун со сериозни забелешки

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Поднесена обвинение против Фехми Стафа за мито од 50.000 евра

СВЕТ
20 март 2026

Бугарија доби зелено светло за членство во ОИСР

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
20 март 2026

Почина Чак Норис – светот се простува од легендата на акционите филмови

СВЕТ
20 март 2026

Пристигна првиот нов воз „Шкода“ во Софија – чекор кон модерни железници

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Македонците живеат пократко од граѓаните на ЕУ: алармантна разлика од речиси пет години

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Од народна кујна до ладен оброк: како се трошат 1,5 милион евра

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата, да ги зголемат платите

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија Соопштение за јавност

МАКЕДОНИЈА
20 март 2026

„А, дали знаете кој сум јас?“ – Петар Богоевски наводно се заканувал на две медицински сестри на Кардиологија

СВЕТ
20 март 2026

Зеленски: Украина очекува јасен датум за членство во ЕУ

ДРУГО
20 март 2026

Денеска 20 март 2026 година се празнува Светиот маченик Емилијан

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

Пензиите повторно растат за 1.000 денари, младите сè почесто ја напуштаат државата

МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

Рекордни цени на нафтата – дали од понеделник горивата во Македонија ќе достигнат 100 денари?

МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

С. Македонија останува „делумно слободна“ според Freedom House за 2025

МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

Алијансата за Албанците: Скандалозно поништен конкурсот во Клиничката болница Тетово

МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

13 експерти платени колку 92 вработени: најскапиот достигнува 15.600 евра месечно

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

Нема овчари ниту за плата од 2.000 евра – сточарството соочено со сериозен недостиг на кадар

МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

Снопче: Предлогот за јавен обвинител е продолжение на нефункционален систем

МАКЕДОНИЈА
19 март 2026

По трет пат суспендирани петмина албански администратори

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега