08 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Аудиоснимка од Центарот за итни случаи 112, презентирана во судница, открива сериозни пропусти во постапувањето по пријава на сега починатата Ивана Јовановска, која во повеќе наврати барала итна полициска интервенција, но наместо тоа била упатувана на други институции.
Според презентираните докази, на 15 октомври 2025 година Ивана телефонски пријавила дека нејзиниот сопруг се наоѓа во нејзиниот стан на булевар „Теодосиј Гологанов“ во Скопје и дека чува дрога, додека таа нема пристап до сопствениот дом. Таа експлицитно побарала да биде поврзана со полиција.
И покрај сериозноста на пријавата, операторот од 112 побарал дополнителни информации, наместо веднаш да ја пренасочи кон полицијата. Во разговорот се слуша дека Ивана инсистира на итна реакција, додека паралелно се обраќа и кон сопругот кој бил во станот.
Дополнително, судот откри дека истиот ден, во претходен повик во 08:38 часот, Ивана побарала насоки како да постапи бидејќи некој ѝ го заклучил станот и не ѝ дозволувал влез. Наместо интервенција од полиција, операторот ѝ предложил да се обрати кај куќниот совет, а како алтернатива – да побара помош од противпожарната служба.
Ивана појаснила дека куќниот совет нема пристап до нејзиниот стан и повторно побарала полициска интервенција. Сепак, операторот останал на истиот став, повторно упатувајќи ја кон куќниот совет.
„Не ми е проблем да се скрши вратата“, нагласила таа, укажувајќи на итноста на ситуацијата.
Аудиоснимките презентирани во судот откриваат континуитет на пријави за семејно насилство. Во текот на изминатиот период имало повеќе пријави – од самата Ивана, од нејзината мајка, како и од трети лица. Во една од пријавите, мајката на обвинетиот пријавила „обид за убиство“, при што се слуша и плач на дете во позадина.
Особено вознемирувачки се аудиоснимките од 2 март 2026 година – денот на трагедијата. Во нив се слуша расправија, закани и физичко насилство. Ивана повеќепати вика „не ме мавај“, додека операторот се обидува да воспостави контакт, повторувајќи „ало, полиција“, но без одговор.
Овие настани претходеле на трагичниот исход, кога Ивана Јовановска го загуби животот, заедно со своето шестгодишно дете.
Обвинетиот Стојанче Јовановски се товари за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.
Случајот отвора сериозни прашања за функционирањето на системот за итни повици и за тоа дали институциите соодветно реагирале на повеќекратните аларми за насилство.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

