МАКЕДОНИЈА

Истрага во Прилепската болница: Референт присвоил речиси два милиони денари од наплата на услуги

29 мај 2025

• од Вардарски

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истражна постапка против едно лице вработено во прилепската општа болница „Борка Талески“, под сомнение дека сторило продолжено кривично дело – проневера во службата. Според обвинителството, осомничениот незаконски присвоил вкупно 1.991.240 денари во периодот од август 2024 до април 2025 година.

Осомничениот, кој работел како шалтерски референт-администратор во Одделението за материјално-финансиско работење, бил задолжен да ја врши дневната наплата од пациентите во Отсекот за медицина на трудот. Се сомничи дека наместо да ги предаде наплатените средства во болничката благајна заедно со фискалниот извештај, потврдите од наплата и каса-прими документите, тој подметнувал контролни извештаи издадени во средината на работното време. На тој начин не ја прикажувал реалната сума на наплатените средства за тековниот ден.

Дополнително, обвинителството наведува дека осомничениот вршел сторнирање на веќе наплатени износи, и тоа без соодветен потпис и печат од доктор по медицина на трудот, што е спротивно на законските процедури. Со овие дејствија, тој прибавил значителна имотна корист за себе, присвојувајќи речиси два милиони денари кои биле наменети за болничката благајна.

Јавниот обвинител веќе поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, укажувајќи дека се исполнети законските основи за определување на ваква мерка.

Истражната постапка е во тек, а јавноста очекува одговорност и транспарентност во постапувањето со јавните средства во здравствените установи.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени