Историчарот Георгиев: Гоце Делчев се декларирал Бугарин
Поранешниот претседател на Мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија, Драги Георгиев, ја нагласува важноста на објективниот пристап кон историјата и признавањето на фактите какви што навистина биле. Во изјава поврзана со идентитетот на Гоце Делчев, Георгиев посочува дека во писмото до својот соборец Никола Малешевски, Делчев отворено се идентификувал како Бугарин.
„Точно е дека Гоце Делчев во писмото до Никола Малешевски кажува дека е Бугарин. Тој пишува за бугарскиот народ, цитирам: ‘бугарското племе, ние сме дел од бугарското племе.’ Тоа се факти што не можеме да ги игнорираме,“ вели Георгиев.
Тој истакнува дека тогашните поделби меѓу народот, во 1903 година, довеле до сложена политичка и општествена состојба, која оставила траги до ден-денес. Според него, зрелото општество мора да биде подготвено да се соочи со историските вистини без страв и без идеолошки притисоци.
„Мораме да ги прифатиме фактите онакви какви што се, а не какви што би сакале да бидат,“ додава Георгиев.