30 мај 2025
• од Вардарски
Миле Тодоров (28) од Неготино, кој мистериозно исчезна на 30 јануари оваа година, завчера бил забележан на планината Серта, на регионалниот пат Штип – Неготино. Информацијата ја потврдува неговото семејство за „Фокус“.
Како што раскажуваат блиските на Миле, во вторникот наутро добиле неочекуван телефонски повик од жител на Кавадарци кој го познавал исчезнатиот младиќ. Тој им соопштил дека околу пет часот наутро, додека возел по регионалниот пат, накратко застанал и излегол од возилото. Тогаш забележал маж како се движи пешки од правецот на Штип кон Неготино.
По внимателно набљудување, го препознал во лицето токму Миле, за кого трагаат повеќе од четири месеци. Шокиран од случувањето, веднаш почнал да го повикува по име, надевајќи се дека ќе му се приближи.
– Лицето кое го забележало Миле добро го познава, нема шанси да се залаже. Кога ни се јави, ни кажа дека го викнал: „Брату, брату, дојди, застани!“ Но Миле, видно исцрпен и ослабнат, не застанал. Напротив, побегнал кон блиската шума – раскажуваат од семејството.
Овој нов трага на Серта повторно ја активира надежта кај семејството и пријателите на Миле дека тој е жив. Во исто време, ја засилува загриженоста за неговата психичка и физичка состојба, со оглед на неговото однесување и изглед.
Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ќе го забележат да не се обидуваат нагло да му пријдат, туку веднаш да ја известат полицијата. Потрагата продолжува, а најблиските се надеваат на среќен исход.
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници
Проф. Стефан Дечев: Пиринска Македонија е единствениот слободен македонски краj