Исчезна 24-годишен кумановец - им оставил порака на родителите и заминал во непознат правец
Фатон Латифи, 24-годишен жител на Куманово, е пријавен за исчезнат откако вчера не се појавил на своето работно место и заминал во непознат правец. Неговото исчезнување предизвика загриженост кај семејството, пријателите и пошироката јавност.
Според достапните информации, пред да замине, Фатон им оставил порака на своите родители. Засега не е познато што точно стои во пораката, ниту дали таа содржи навестување за неговата можна дестинација или причините за заминувањето.
Семејството упати апел до сите граѓани преку социјалната мрежа Фејсбук: „Секој што го видел се замолува веднаш да не контактира на: 071-291-123, 071-291-125, 071-291-124.“ Тие ги замолуваат сите кои имаат какви било информации за Фатон да се јават на дадените броеви и да помогнат во потрагата.
Полицијата и роднините ги преземаат сите потребни мерки за да го пронајдат Фатон, а потрагата продолжува и денес.