МАКЕДОНИЈА

Инженерите алармираат: Цените на струјата не се математички точни!

28 мај 2025

• од Вардарски

Инженерите на Република Македонија во своето најново соопштение ја критикуваат компанијата ЕВН Хоме поради, како што наведуваат, нетранспарентен и нецелосен одговор во врска со формирањето на цените на електричната енергија за домаќинствата.

Согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија од 17 ноември 2023 година, ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, има овластување да изготвува предлог и конечни одлуки за продажните цени на струјата. Во рамките на оваа надлежност, ЕВН Хоме донела две одлуки – на 27 јуни и на 20 декември 2024 година – со кои се утврдени цените за 2024 и 2025 година.

Меѓутоа, според Инженерите, објавените податоци содржат сериозни несогласувања, особено во делот за евтината тарифа и четирите блока на скапата струја за малите потрошувачи. Овие несогласувања ги поттикнале сомнежите во точноста на пресметките.

На 21 мај 2025 година, Инженерите поднеле официјално барање до ЕВН Хоме со цел да добијат целосна документација и објаснување за методологијата на формирање на цените. Тие побарале и јавен пристап до предлог-одлуките, кои според прописите мора да бидат објавени за да се овозможи јавна расправа во рок од пет дена.

Особено внимание привлекла пресметковната цена од 15,1845 денари за киловат-час за категоријата мали потрошувачи, која според ЕВН произлегува од просечна цена од 4,6244 денари и коефициент од 0,8296. Математичката проверка, според Инженерите, покажува дека оваа формула не дава резултат кој се совпаѓа со објавената цена, што дополнително ја зголемило потребата за транспарентно објаснување.

Наместо конкретен и детален одговор, ЕВН Хоме испратила формален допис со кој организацијата била упатена на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Не е доставен ниту еден документ или линк, ниту се дадени одговори за суштинските прашања околу формулите и методологијата што се користени.

„Ваквиот однос од страна на ЕВН Хоме претставува класичен пример за недостапност и неразбирливост на податоците што ја одредуваат цената на струјата“, истакнуваат Инженерите. Според нив, цените на електричната енергија не се само технички параметар, туку директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните, поради што транспарентноста и отчетноста се од суштинско значење.

Организацијата најавува дека ќе продолжи да се залага за тоа цените на струјата за домаќинствата повторно да бидат во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, која, како независна институција, до 2023 година самостојно ја утврдуваше цената на електричната енергија. Се уште, велат тие, не е дадена валидна причина зошто ова право било префрлено на ЕВН Хоме, која има директен финансиски интерес цената да биде што е можно повисока.

Инженерите на Република Македонија апелираат до надлежните институции и јавноста да не го игнорираат значењето на транспарентното формирање на цените, бидејќи енергетските политики се прашања од јавен интерес што бараат поголема одговорност и отчетност.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени