13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
По земјотресот со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на косовската страна на Шар Планина, како и серијата послаби потреси што беа почувствувани во поширокиот регион, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) објави основни насоки за заштита и безбедно однесување при земјотрес. Инструкциите се изработени во соработка со експерти и имаат за цел да ја зголемат подготвеноста на граѓаните во вакви ситуации.
Според објавените упатства, граѓаните треба да се придржуваат до следниве мерки:
Експертите предупредуваат дека по главниот удар често следуваат послаби последователни потреси. Доколку објектот во кој престојувате претрпел оштетувања, не се препорачува повторно враќање во него без претходна дозвола од надлежните служби или стручни лица.
Објавените инструкции имаат за цел да потсетат дека правилната реакција во првите секунди од земјотресот може значително да го намали ризикот од повреди и материјална штета. Подготвеноста, информираноста и смиреноста се клучни за безбедно справување со вакви природни непогоди.
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

