Икона на Богородица Пелагонитиса од МПЦ-ОА за новиот бугарски патријарх
Владиците Тимотеј и Иларион, кои ја претставуваа МПЦ-ОА на изборот и интронизацијата на новиот бугарски патријарх Даниил имале кратка средба со него во рамки на приемот на делегациите.
Од името на Македонската православна црква, делегацијата на новоизбраниот Патријарх Бугарски му подари рачно изработена икона – Богородица Пелагонитиса.