03 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Водата во Езерото Младост кај Велес не е безбедна за капење и рекреација, предупредуваат надлежните здравствени институции. Граѓаните се советуваат да избегнуваат контакт со водата додека не се добијат дополнителни резултати од стручните испитувања.
Според информациите од Центарот за јавно здравје, во езерото е утврден сериозен еколошки дисбаланс. Забележана е масовна појава на алги, формирање густа жолто-кафеава пена, како и наслаги од слузеста и сунѓереста материја долж крајбрежјето — индикации кои упатуваат на можна појава на цијанобактерии, познати и како „сини-зелени алги“. Овие микроорганизми произведуваат токсични супстанции (цијанотоксини) кои можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето.
Дополнителна причина за загриженост е присуството на амонијак во концентрации кои се петкратно над дозволените вредности. Ова, според експертите, најверојатно се должи на испуштање на отпадни води или наталожени органски материи.
Имајќи ги предвид потенцијалните ризици, особено за деца, лица со осетлива кожа и хронично болни, експертите апелираат езерото да не се користи за капење или други рекреативни активности сè додека не се утврди безбедноста на водата.
Очекувањата се институциите итно да преземат мерки — да спроведат подетални анализи и да работат на санација на состојбата за да се заштити здравјето на населението.