МАКЕДОНИЈА

И Владо Јаневски ги пакува куферите и си заминува во странство

04 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски повторно ќе ги развесели нашинците надвор од татковината. Популарниот кантавтор најави голема концертна турнеја која ќе се одржи оваа есен – и тоа на другиот крај од светот, во Австралија.

Јаневски ќе настапи во повеќе австралиски градови, меѓу кои се Сиднеј, Волонгонг, Перт и Мелбурн. Организатори на оваа турнеја се „Република Ентертенјмент“ и „Мак Евентс“, кои со нетрпение ги најавуваат концертите како вистинска музичка празнична добредојдница за македонската дијаспора.

Првиот концерт за кој веќе се пуштени влезниците е оној во Перт, закажан за 27 септември. Очекувањата се дека билетите ќе се распродадат многу брзо, со оглед на тоа што Јаневски е исклучително популарен меѓу Македонците во странство.

Во последниве пет години, Владо живее во Гевгелија, далеку од метежот на главниот град. Во едно од своите последни интервјуа откри дека неговата единствена врска со родниот Чаир сега е берберот, кој го посетува еднаш месечно.

Оваа турнеја ќе биде ретка можност за многумина во Австралија да уживаат во жив настап на еден од најпрепознатливите гласови на македонската музичка сцена. Очекувањата се високи, а љубителите на добра музика – веќе подготвени за незаборавна есен со Владо Јаневски.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени