04 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На 3 јуни 2025 година, во емисијата „Само вистина“ беа поканети политичките аналитичари Зоран Димитровски и Абдулахман Весели, кои дебатираа околу актуелната политичка ситуација во земјата, фокусирајќи се на односите со Бугарија и критиките што ги упати претседателката Гордана Сиљановска кон бугарската резолуција поврзана со преговорите од 2022 година. Своја стручна опсервација за случувањата даде и проф. Дореана Христова, професорка по француски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.
Во емисијата се разви полемика околу позицијата на Северна Македонија во преговорите со ЕУ, особено во однос на билатералниот спор со Бугарија. Според критиките упатени од страна на Сиљановска, актуелната влада манипулативно ја користи бугарската резолуција, која се повикува на добрососедскиот договор, склучен во времето на социјалдемократите. Таа критика наиде на поддршка од Зоран Димитровски, кој ја следи политичката линија на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски.
Димитровски остро ја осуди Бугарија поради, како што вели, негирањето на македонскиот идентитет, иако таа официјално го признава идентитетот оформен по 1945 година. Тој дури побара посериозен политички пристап и „држење лекции“ на Бугарија, алудирајќи на препораките од Советот на Европа за правата на малцинствата – иако, како што потсети Христова, тие препораки немаат обврзувачки карактер, особено во контекст на бугарската унитарна државна структура.
Абдулахман Весели, поранешен учесник во Охридскиот рамковен договор, имаше посмирен и конструктивен пристап. Тој остро се спротивстави на реториката на тандемот Мицкоски–Сиљановска, нарекувајќи ја непродуктивна и конфронтативна. Весели укажа дека политиката на инает и ескалација нема да донесе европска иднина, туку ќе ја турка земјата кон изолација и можни влијанија од Русија и Турција. Тој, исто така, го осуди инсистирањето на „реципроцитет“ во третманот на малцинствата, оценувајќи го како недипломатски и несоодветен пристап.
Во однос на внатрешната политика, Весели се огради од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи ја партијата за идеолошки фалсификат и отстапување од принципите на своите основачи. Неговата поддршка за европскиот предлог беше јасна, како и убеденоста дека изборите ќе донесат пресврт во политичката свест на граѓаните.
Професорката Христова во својата анализа нагласи дека дебатата покажува две спротивставени визии за иднината на земјата – една која се базира на конфликт и историски инает, и друга која се залага за интеграција и соработка со европските соседи. Таа подвлече дека изборот што го прави Македонија денес, ќе ја одреди нејзината позиција во Европа утре.