МАКЕДОНИЈА

Храната во С. Македонија поскапела за 4,1 % за еден месец: Инфлацијата расте

10 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во мај 2025 година, потрошувачите во Северна Македонија се соочиле со значително зголемување на цените, особено кај прехранбените производи. Според податоците на Државниот завод за статистика, храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за 4,1 % во споредба со април 2025 година.

Вкупната инфлација, мерена преку индексот на трошоците на животот, изнесува 1,5 % на месечно ниво. Ова е резултат на растот на цените и во други категории: разновидни стоки и услуги за 1,5 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 %, облека и обувки за 0,5 %, рекреација и култура за 0,4 %, мебел и одржување на домаќинствата за 0,3 %, како и домување, здравство и други комунални услуги со минимален раст од 0,1 %.

Од друга страна, има и намалување на трошоците кај неколку категории. Најзначајно е падот кај транспортот, каде цените се намалени за 3,6 %. Намалувања има и кај рестораните и хотелите (0,2 %) и комуникациите (0,1 %). Трошоците за образование останале непроменети во однос на претходниот месец.

На годишно ниво, индексот на трошоците на животот (мај 2025 во однос на мај 2024) бележи зголемување од 3,3 %, додека индексот на цените на мало е зголемен за 1,6 %.

Овие податоци покажуваат дека граѓаните се соочуваат со постојан притисок врз нивниот семеен буџет, особено кога станува збор за основни животни трошоци како што е храната.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени