МАКЕДОНИЈА

Хаос во Поликлиника „Букурешт“: Пациенти заглавени во редици поради пад на интернет-системот

05 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Денеска во скопската Поликлиника „Букурешт“ владееше вистински хаос, откако падот на интернет-системот го парализираше нормалното функционирање на установата. Проблемот настана со престанокот на работа на електронскиот систем „Мој термин“, што резултираше со значителни доцнења и долги редици пациенти кои со часови чекаа за преглед, рецепти и упати.

Поради прекинот на дигиталните услуги, медицинскиот персонал беше принуден рачно да ги заведува сите податоци, што дополнително ја отежна работата и предизвика метеж низ ходниците на поликлиниката. Граѓаните, меѓу кои и хронично болни пациенти, изразија незадоволство и загриженост поради нефункционалноста на здравствениот систем.

Ситуацијата е особено сериозна во Инсулинската аптека, која се наоѓа во рамките на установата. Таму веќе неколку дена не се издава инсулин, што ја доведе во ризик здравствената состојба на многумина пациенти зависни од оваа терапија. Дел од нив денес конечно добија лекови, благодарение на личната ангажираност на медицинските сестри кои преку свои контакти успеале да обезбедат помош.

Новинарските екипи се обидоа да стапат во контакт со директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Самир Исени, но тој не одговори ниту на телефонските повици, ниту на писмените пораки. Засега останува нејасно кога ќе се санира техничкиот проблем и кога ќе се нормализира работата на поликлиниката.

Пациентите упатуваат апел до надлежните институции да преземат итни мерки за решавање на ситуацијата и унапредување на здравствениот систем. Тие нагласуваат дека техничките проблеми не смеат да ја загрозуваат грижата за здравјето на граѓаните.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени