МАКЕДОНИЈА

Градоначалничка канцеларија на мета на крадец – првпат политичар ограбен, не обратно

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во редок преседан за македонската политичка сцена, политичар стана жртва на кражба – наместо обратно, како што јавноста често коментира со иронија. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 48-годишен осомничен, кој во повеќе наврати извршил тешки кражби во општински и образовни установи, меѓу кои и канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба.

Според Обвинителството, кражбите започнале уште во август 2024 година и продолжиле до април 2025. Осомничениот првично насилно отворил прозорец од канцеларија на службеник за внатрешна ревизија и одзел лаптоп вреден 18.000 денари. Неколку дена подоцна, влегол во канцеларијата на градоначалникот и украл уште три лаптопи со вкупна вредност од 74.000 денари.

Во април оваа година, осомничениот повторно насилно влегол во простории на општината, од каде одзел уште еден лаптоп, бормашина и други предмети во вредност од 41.100 денари.

На 19 април 2025, серијата кражби продолжила – овојпат на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Осомничениот насилно ја отворил влезната врата од Миколошката лабораторија и одзел шест лаптопи и пари во износ од 500 денари. Вредноста на украденото се проценува на над 208.000 денари.

Само два дена подоцна, тој се обидел да изврши кражба и на Шумарскиот факултет, каде пребарувал по кабинети и читални, но од засега непознати причини се откажал од намерата и заминал без да одземе нешто.

Јавниот обвинител, земајќи предвид сериозноста на делата, нивната повторливост и опасноста од бегство, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор.

Овој необичен случај, во кој политичар се најде на „другата страна“ на кражбата, доби големо внимание во јавноста и медиумите – дел иронично коментираат дека „за прв пат некој краде од политичар, а не обратно“.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени