МАКЕДОНИЈА

Граѓаните и Бугарија помагаат, Владата молчи: Support Kocani исплати 923.458 денари за повредените

11 јуни 2025

• од Гоце Кически

Иницијативата „Support Kocani“, која се формираше за да им помогне на жртвите од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Pulse“ во Кочани, соопшти дека ја исплати првата фактура за компресивна облека во вредност од 923.458 денари. Средствата се целосно обезбедени преку донации од граѓани и поддржувачи, а облеката се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни.

Покрај оваа пратка, обезбедени се средства и за втора тура компресивна облека, за која експерти од Бугарија ќе дојдат повторно на 16 и 17 јуни за да започнат со земање мерки за погодените.

„Support Kocani“ изрази огромна благодарност до бугарските компании Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија попуст од 620.000 денари, што овозможи оваа помош да стигне до што повеќе повредени.

„Иако некои процеси траат подолго додека да бидат завршени, ова е доказ дека кога има волја, има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, непознати хумани срца – покажавте што значи вистинска солидарност“, стои во соопштението.

Она што загрижува, е молкот и неактивноста на македонската влада, која досега не презеде никакви конкретни мерки за помош на жртвите. За разлика од тоа, македонските граѓани и соседна Бугарија сплотено работат да им обезбедат неопходна поддршка на повредените.

Овој случај уште еднаш го потврдува големото срце на македонските граѓани и на пријателскиот народ од Бугарија, кои не дозволуваат жртвите да останат заборавени. Солидарноста и помошта од двете страни на границата се единствениот светол пример во оваа трагедија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени