16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново зголемување на цените на нафтените деривати во земјава. Според најновата одлука, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 7 денари по литар, додека дизел горивото поскапува за 6,50 денари по литар.
Со новата корекција на цените, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 86,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 денари за литар.
Цената на дизелот според новата одлука ќе достигне 92,00 денари за литар.
Во меѓувреме, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 89,50 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и ќе важат на сите бензински пумпи во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

