07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Контролор во ЈСП бил физички нападнат додека ја извршувал својата работа, откако затекнал патник кој се превезувал без билет.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека 42-годишен маж, вработен како контролор за наплата и билети во ЈСП, бил нападнат во текот на утринските часови.
Инцидентот се случил околу 08:20 часот, кога контролорот при проверка затекнал 61-годишен патник без билет. Наместо да постапи по правилата, патникот започнал да му се заканува, по што насилно го извлекол од автобусот и физички го нападнал.
Како што е наведено во пријавата, контролорот успеал да се оттргне и да влезе во друг автобус, но нападот не завршил тука. На друга автобуска постојка, истиот напаѓач, овојпат во придружба на уште две лица, повторно го нападнал.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите инволвирани лица.
Овој инцидент повторно ја отвора темата за безбедноста на вработените во јавниот превоз, кои секојдневно се соочуваат со ризици при извршување на своите работни задачи.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

