23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Здружението Инжинери на Македонија предупредува дека операторот на електродистрибутивниот систем – ЕВН – може да се соочи со парична казна од 1.000 до 3.000 евра доколку не овозможи визуелен пристап до броилата на потрошувачите, што претставува законска обврска според новиот Закон за енергетика кој стапи во сила на 29 мај 2025 година.
Според законските одредби, секој потрошувач има право во секое време да го види и провери регистрираниот податок за потрошена електрична енергија. Поставување на броила во затворени, заклучени кутии, на непристапни височини или зад непрозирни стакла, како и во простории недостапни за граѓаните, претставува прекршување на оваа одредба.
„Ова не е само техничко, туку и правно прашање. Станува збор за директна повреда на законска обврска, што повлекува санкција. Иако броилата се сопственост на ЕВН, тие се дел од јавна услуга. Пристапот до нив е клучен за транспарентност, контрола и заштита на потрошувачите“, посочуваат од здружението.
Инжинерите истакнуваат дека секој граѓанин што нема визуелен пристап до сопственото броило има право да поднесе претставка до надлежните инспекциски органи и да побара надзор. Ова се однесува и на случаи кога броилата се поставени зад метални мрежи или на небезбедни места што физички го оневозможуваат пристапот.
Воедно, е поднесено барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за енергетика, со цел прецизно да се утврди кој е конкретно надлежен да постапува по овие претставки и да изрекува санкции. Откако ќе биде добиен официјален одговор, јавноста ќе биде навремено информирана.
Од здружението апелираат до граѓаните да бидат свесни за своите права и активно да пријавуваат секое прекршување: „Само со јасна регулатива и доследна примена можеме да обезбедиме фер и транспарентен систем што ги штити потрошувачите.“
Скопјанец повредил својата ќерка (4) при семејно насилство – предложен притвор
Как се случи операцијата „Midnight Hammer“ на САД врз иранските нуклеарни капацитети