13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на ифтарот организиран од премиерот Христијан Мицкоски.
Гаши изјави дека му претставува чест што учествувал на ифтарската вечера организирана од премиерот, нагласувајќи ја важноста на заедничките вредности во општеството.
„Чест ми е што присуствував на ифтарот организиран од премиерот Христијан Мицкоски. Во оваа прилика повторно ги потврдивме заедничките вредности на нашето општество, а се заблагодарив за приемот и почитта“, напиша Гаши на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски, исто така преку објава на Фејсбук, соопшти дека ифтарот организиран во име на Владата поминал во топла атмосфера, каде што се разговарало, се граделе пријателства и се афирмирала почитта и соживотот како темел на општеството.
„Средби како овие нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница. На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам здравје и благословени денови“, изјави премиерот Мицкоски.
Филипче: Мицкоски е чувар на столчето за враќање на вистинскиот шеф – Груевски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

