28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Опозициската СДСМ денеска обвини за сериозен конфликт на интереси поврзан со назначувањето во Развојната банка на Северна Македонија, посочувајќи дека се воспоставува „директен линк“ меѓу власта и приватни бизнис интереси.
На прес-конференција, Јон Фрчкоски од СДСМ изјави дека „сега партнерите на Христијан Мицкоски добиваат директен линк за своите семејни фирми во Развојната банка“, оценувајќи дека станува збор за „класичен конфликт на интерес“.
Според него, назначувањето на Ефимија Димовска на раководна позиција во Банката отвора сомнежи поради нејзините семејни и деловни поврзаности. Фрчкоски посочи дека „Димовски имаат семејни фирми“, нагласувајќи дека Ефимија е сопственик на Херба Натура и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ХН Соларис.
„Поставувањето на Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз кредитни линии и финансирање на енергетски проекти, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес“, изјави Фрчкоски.
Тој ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека воспоставува „олигархиска структура каде државните институции служат како сервис на една тесна бизнис-групација околу Мицкоски“.
СДСМ побара итно повлекување на Димовска од функцијата, како и соодветна реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции.
„Институциите мора да постапат и да го спречат претворањето на Развојната банка во продолжена рака на хидро-бизнис мрежата на Мицкоски и неговите партнери“, порача Фрчкоски.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

