10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерот за правда остро реагираше на изјавите за можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик, потенцирајќи дека времето на селективно и политички мотивирано толкување на Уставот и законите е завршено. Според него, со заминувањето на СДСМ и ДУИ од власта е ставен крај на правниот релативизам и институционалниот хаос, а актуелната Влада нема намера да ја продолжи таа пракса.
„Обврска на институциите е да воспостават јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок“, порача министерот, нагласувајќи дека одлуките во правната држава не се носат според лични ставови или дневнополитички потреби, туку исклучиво врз основа на Уставот и законите.
Реагирајќи на изјавите на вицепремиерот Беким Сали, министерот посочи дека Уставот не смее да биде предмет на слободни интерпретации. Тој информираше дека Министерството за правда ја разгледало петицијата на студентите и спровело детална анализа на сите релевантни уставни и законски одредби, при што заклучокот е јасен – правосудниот испит не може да се полага на друг јазик освен на македонски.
Според министерот, иако Законот за употреба на јазиците дозволува користење на албанскиот јазик во постапките пред институциите, правосудниот испит не смее да се третира изолирано. Тој е предуслов за влез во судството, обвинителството, адвокатурата и другите правни професии, каде што законите јасно бараат активно познавање на македонскиот јазик.
„Полагањето на правосудниот испит на македонски јазик служи за проверка на јазичната и стручната подготвеност, бидејќи судските постапки и правните акти примарно се водат на македонски јазик и кирилско писмо“, истакна министерот.
Тој потсети дека Уставот недвосмислено го утврдува македонскиот јазик како примарен службен јазик на целата територија на државата, а Законот за правосудниот испит не предвидува можност за негово полагање на друг јазик. Воедно, се повика и на забелешките на Венецијанската комисија, која укажала на сериозни нејаснотии и проблеми во примената на Законот за употреба на јазиците, особено во судските постапки.
Министерот оцени дека тврдењата оти Министерството за правда нема аргументи се неосновани и политички мотивирани. „Уставот не е тема за медиумски настапи, ниту алатка за политички наративи“, порача тој, додавајќи дека правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда.
На крајот, министерот упати јасна порака дека секој носител на јавна функција е должен строго да ги почитува Уставот и законите, бидејќи секој друг пристап претставува недозволив притисок врз правната држава и нејзините институции.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

