23 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше најновата владина мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи дека таа е задоцнета и нема да донесе реално олеснување за граѓаните. Според него, поради ненавременото реагирање, граѓаните веќе платиле висока цена, а најавеното намалување нема да ги спречи новите поскапувања.
Филипче тврди дека уште од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот за 4 до 6 денари по литар, што, како што вели, ќе го поништи ефектот од владината одлука. Тој посочи дека граѓаните нема да почувствуваат вистинско намалување на цените на бензинските пумпи ниту во краток ниту во среден рок.
„Граѓаните нема да видат реално намалување на цените на горивата, туку напротив – се очекува ново поскапување според новата пресметка“, изјави Филипче.
Тој предупреди дека поради недостигот на навремени мерки веќе започнал инфлаторен бран, кој се одразува и врз цените на храната. Според него, искуството покажува дека еднаш зголемените цени на основните прехранбени производи ретко се враќаат на претходното ниво.
Филипче ја обвини Владата дека презема само делумни мерки и дека не нуди сеопфатно решение за економската состојба. Тој упати критики и кон премиерот, обвинувајќи го за неактивност и за фокусирање на политички активности наместо на справување со економските предизвици.
Воедно, лидерот на СДСМ смета дека актуелната власт ги штити интересите на одредени компании, наместо интересите на граѓаните. Според него, токму поради тоа не се преземаат мерки како ограничување на снабдувањето со гориво за странски државјани кои доаѓаат во земјава за да точат поевтино гориво.
Како алтернатива, СДСМ предлага пакет мерки што вклучува намалување на акцизата за горивата за 4 денари, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на патарините за 50 проценти. Според нивните пресметки, само со укинување на ДДВ за храна би се намалиле цените на околу 250 производи, што би значело заштеда од над 2.000 денари месечно за едно домаќинство.
Филипче заклучи дека Владата пропуштила да реагира навреме и дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците преку повисоки трошоци за живот.
ДУИ: Албанците се изоставени од унапредувањата, институциите да дадат одговори
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

