13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, упати остри критики до Владата во врска со случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека опозицијата повеќе ѝ верува на меѓународните институции отколку на актуелната власт.
Филипче изјави дека доколку Американската агенција за борба против нелегална трговија со наркотици (DEA) посочува дека се случил шверц, тогаш таквите информации имаат поголема тежина од изјавите на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако во Србија има официјален документ од Српското обвинителство во кој што се спомнува Македонија како извор на дрогата, ако Американската агенција DEA е вклучена во ова и кажува дека се случил таков шверц, извинете, ние повеќе веруваме на дела, отколку на ВМРО и на премиерот“, изјави Филипче.
Тој додаде дека во повеќе наврати, според него, се покажало дека ниту премиерот ниту Владата се доволно кредибилни, поради што, како што рече, не може да им се верува на нивните изјави.
Во интервјуто, Филипче потенцираше дека клучното прашање е зошто институциите молчат и не даваат одговори во врска со случајот.
„Вистинското прашање е зошто нема одговори од институциите? Кој дозволил четири или пет шлепери да транзитираат низ државата, да стигнат на граница, да ги пропушти полиција, да ги пропушти царина и да завршат во Србија?“, праша Филипче.
Тој отвори и дополнителни дилеми: дали постојат снимки од граничните премини, кој бил на смена од царинските и полициските службеници и дали некој свесно ги пропуштил возилата.
Според него, токму отсуството на одговори од премиерот и од надлежните институции дополнително ги продлабочува сомнежите во јавноста околу целиот случај.
Филипче порача дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност, наместо молк и избегнување на одговорност од страна на власта.
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

