TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не сакаме Македонија да биде депонија за мигранти

16 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 изјави дека противењето на неговата партија кон можен „увоз“ на мигранти од Обединетото Кралство не е спротивно на социјалдемократските вредности. И покрај критиките од дел од прогресивната јавност дека ваквиот став е ксенофобичен, Филипче нагласи дека СДСМ нема проблем со луѓе кои бегаат од војни и сиромаштија, туку со, како што рече, организирана депортација на мигранти во замена за финансиски надомест.

„Ние немаме никаков проблем со мигранти коишто имаат мака и доаѓаат од некаде“, изјави Филипче, но додаде дека во конкретниот случај станува збор за луѓе кои би биле депортирани во Македонија „за пари“, со што, според него, би се увезле и безбедносни и социјални проблеми. Тој се повика на искуствата на Велика Британија и други западноевропски земји, каде, како што рече, миграциските политики веќе создаваат сериозни предизвици.

Во разговорот, новинарот на „360 степени“ забележа дека ваквиот пристап наликува на политиките на лидери како Виктор Орбан и Доналд Трамп, кои често ги критикува прогресивната јавност. Филипче го отфрли тоа споредување, истакнувајќи дека клучниот проблем е нетранспарентноста на Владата.

„Зошто Владата не ја кажува вистината? Зошто вакви договори прави под маса?“, праша Филипче, обвинувајќи ја власта дека ја спинува темата и избегнува јасен одговор. Тој посочи дека постојат институционални механизми за утврдување на вистината и побара Владата официјално да се произнесе преку резолуција во Собранието и да одговори на прашањата на британските медиуми.

Филипче нагласи дека ставот на СДСМ не треба да се поистоветува со ксенофобија. „Не сакаме да бидеме депонија на мигранти. Не сакаме. Каква врска има тоа дали сме ние социјалдемократи?“, изјави тој. На забелешката дека солидарноста и емпатијата треба да бидат дел од социјалдемократскиот пристап, Филипче возврати дека солидарност не значи свесно прифаќање луѓе кои, според него, се оценети како „неподобни“ во други држави, во замена за финансиски средства.

Тој изрази сомнеж кон тврдењата на Владата дека ваков договор не постои, посочувајќи дека нема јасен демант со официјални документи. Според Филипче, ризикот од вакви аранжмани би го сноселе сите граѓани, бидејќи евентуалните кредити и обврски би се враќале од државниот буџет. „Собранието е институцијата каде што ваквите процеси мора да се водат. Сите граѓани ќе го враќаат кредитот“, рече тој.

Филипче се осврна и на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ, додека била на власт, донела одлука за воспоставување центар за прием на мигранти. Тој ги оцени овие тврдења како спин и појасни дека станува збор за Центар за странци – затворен тип институција под надлежност на Министерството за внатрешни работи, наменета за лица затекнати со фалсификувани или нерегуларни документи.

„Тоа нема никаква врска со мигранти. Центарот постои и сега, во општина Гази Баба, на несоодветна локација. Ние гласавме да се изгради нов, посоодветен објект“, истакна Филипче, обвинувајќи ја владејачката партија дека преку, како што рече, „фабрика за лажни вести“ се обидува да ја изврти темата и да ја дезинформира јавноста.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
18 декември 2025

Грчкото МНР со реакција до Мицкоски: Нема „враќање на името“, уставното име е Северна Македонија

МАКЕДОНИЈА
18 декември 2025

Арсовска: Наместо вистинска борба против корупција, правите јавен линч

МАКЕДОНИЈА
18 декември 2025

Кос ќе го искачи Кораб по завршувањето на преговорите на С. Македонија со ЕУ

МАКЕДОНИЈА
18 декември 2025

Собранието го усвои законскиот пакет за целосна примена на системот „Безбеден град“

МАКЕДОНИЈА
18 декември 2025

Објавени причините за смртта на новороденчето од Арачиново

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
18 декември 2025

Жељазков од Брисел: Бугарија нема спор со Северна Македонија

СВЕТ
18 декември 2025

Бугарија добила околу 36 милијарди евра неповратни средства од ЕУ

ДРУГО
18 декември 2025

Денеска се празнува светецот, заштитник на Битола – Св. Некариј Битолски

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

ЕУ: Време е за дела, а не за изговори од Северна Македонија

EN
17 декември 2025

Is Skopje Drifting Toward the “Serbian World”? A Bulgarian Analysis Raises Alarming Questions

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Тепачка во тетовско Желино: Пет жени пријавени за напад врз 19-годишна девојка

СВЕТ
17 декември 2025

Бугарија пред 30 години ја поднесе апликацијата за полноправно членство во Европската унија

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Стабилно време до понеделник, од вторник следува промена со локален дожд

СВЕТ
17 декември 2025

Донаторството во Бугарија со силен раст во 2024 година: бизнисот донира над 140 милиони лева

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Италијанец и Кинез приведени на скопскиот аеродром поради фалсификувани документи

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и ризикот по безбедноста

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Дурмиши: Порастот на цената на јајцата е последица на светските берзи

СВЕТ
17 декември 2025

Црна Гора чекор поблиску до Европската Унија: Затворени пет нови преговарачки поглавја

СВЕТ
17 декември 2025

Калас: Русија ќе мора да ја плати цената за војната во Украина

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Шокантни бројки: Најниската плата во ЕУ е двојно повисока од македонската

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
17 декември 2025

Руската агресија остави над 62.000 семејства во Одеса без струја и греење

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

Цената на струјата би можела да поскапи за 6 проценти од новата година?

СВЕТ
17 декември 2025

Зеленски: Русија мора да прифати дека постојат правила и дека не може да ги измами сите

МАКЕДОНИЈА
17 декември 2025

МВР отвора шалтер „Безбеден град“ во зградата на МТВ: Можност за ажурирање на податоци за возилата

ДРУГО
17 декември 2025

Денеска се празнува Светата великомаченичка Варвара

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски спроведуваат сценарио за партизација на правдата

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Турски државјанин пријавен за физички напад врз вработен во скопски хотел

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Љупчо Коцевски поднесе оставка поради, како што вели, притисоци врз обвинителството

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега