03 април 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека тој нема капацитет, желба ниту знаење за водење на државата.
Во гостување во централниот дневник на МТВ 1, Филипче посочи дека наместо конкретни мерки и поддршка за граѓаните, јавноста секојдневно е сведок на, како што рече, навредлив речник и дефокус од реалните проблеми.
„Што прави премиерот кога новинарите ќе прашаат за нашите мерки? Не навредува со погрдни зборови. Опозицијата и јас лично бевме нарекувани мекотели и талог на општеството. Срамота е да се користи таков речник“, изјави Филипче, додавајќи дека Мицкоски „знае само да купува и продава струја, и тоа го прави сè“.
Филипче нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозни економски предизвици, додека, според него, владата не презема доволно активности. Тој посочи дека растот на цените директно го погодува животниот стандард.
„До пред кризата една или две минимални плати не беа доволни за потрошувачката кошничка, а сега ни три не се доволни. Луѓето имаат реален проблем, а владата ништо не прави“, рече тој.
Како дополнителен аргумент, Филипче наведе значителни поскапувања: над 40% кај горивата, околу 10% кај основните прехранбени производи, како и драстични зголемувања кај овошјето и зеленчукот, кои во одредени случаи достигнуваат и до 200%. Според него, поскапени се и брашното, шеќерот и другите основни производи.
Во интервјуто, Филипче предупреди дека кризата допрва ќе се интензивира и дека товарот ќе падне врз граѓаните. Тој се повика на анализа од состанок на министрите за енергетика на Европската унија, според која се очекуваат дополнителни предизвици во наредниот период.
„Кризата допрва доаѓа. Дури и ако утре запре војната во Иран, во летните месеци ќе има криза каква што досега не сме виделе. Тоа не го велам јас, туку еврокомесарот за енергетика по состанокот на министрите“, истакна Филипче.
Тој заклучи дека владата не покажува подготвеност да ги слушне предлозите на опозицијата и дека, според него, недостига капацитет за справување со предизвиците што следуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

