05 март 2026
• од Тодор Вангелов
Членството на Северна Македонија во НАТО претставува најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Филипче истакна дека актуелните глобални кризи, особено на Блискиот Исток, ја покажуваат важноста на одлуките што, како што рече, ги донела владата предводена од СДСМ во изминатиот период, со кои земјата станала членка на најмоќниот воен сојуз во светот.
„Конечно е јасно во ситуација кога има кризи на повеќе места во светот што значеле државничките и визионерски политики на СДСМ во минатото. Донесовме тешки одлуки, иако тие имаа цена врз нашиот политички рејтинг, но благодарение на тоа денес сме земја членка на НАТО“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека членството во Алијансата обезбедува силен безбедносен штит за државата, особено во време на зголемени безбедносни ризици во светот.
Според него, последните случувања во регионот и пошироко дополнително ја потврдуваат важноста на таквите политики. Филипче како пример ја посочи Турција, која како земја членка на НАТО располага со одбранбен систем способен да пресретнува ракети.
„Кога денес гледаме дека летаат ракети над Турција и дека таа како членка на НАТО може да ги приземји со својот одбранбен систем, граѓаните треба да бидат свесни колку е важно членството во ваков сојуз“, рече тој.
Во интервјуто, лидерот на СДСМ се осврна и на домашната политичка сцена, повикувајќи ги граѓаните внимателно да ги следат ставовите и кредибилитетот на политичарите.
Тој потсети на, како што рече, неисполнетите ветувања на премиерот Христијан Мицкоски, меѓу кои и најавите за поништување на Преспанскиот договор и враќање на поранешното име на државата.
„Тоа значи дека не може да му се верува, односно дека и тогаш не ја кажувал вистината. Граѓаните мора да знаат што е аргументирано и издржано, а што не“, изјави Филипче.
Тој додаде дека актуелната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ЗНАМ, според него дошла на власт со „лажна националистичка кампања и реторика“.
Филипче нагласи дека СДСМ во изминатите три децении, како што рече, континуирано работи во насока на обезбедување стабилна и сигурна иднина за државата и нејзините граѓани.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

