28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Нацрт-резолуција на Европскиот парламент, заснована на извештајот на новиот известувач за Северна Македонија, Томас Вајц, отвора сериозни прашања за странското влијание во земјата, јавува БГНЕС. Во документот се наведува дека концептот на „Српски свет“ го поткопува суверенитетот не само на Северна Македонија, туку и на целиот регион, со активна поддршка од поединци и институции во Скопје.
Во резолуцијата, чија дебата е закажана за 8 јули во Стразбур, се потенцира и потребата од отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС) за да се надмине тоталитарното минато и да се зајакне демократијата и институциите во Западен Балкан.
Документот предупредува дека Северна Македонија и натаму е цел на непријателски странски операции насочени кон дестабилизација на општеството и ширење на антиевропски чувства, особено преку медиумите на српски јазик, кои, според резолуцијата, често ги пренесуваат наративите на Кремљ.
Се посочува и на влијанието на Кина, која преку инвестициска дипломатија, контрола на информации и неповолни клаузули во договори за инфраструктурни заеми, го зголемува своето влијание во Северна Македонија. Притоа, кинеските дипломатски структури финансирале платена медиумска содржина без транспарентно означување, се вели во анализата.
Во периодот од 2018 до 2023 година, Северна Македонија протерала 13 руски дипломати поради активности спротивни на нивниот дипломатски статус, што, според Европскиот парламент, укажува на присуство на тајни мрежи на влијание кои продолжуваат да функционираат.
Нацрт-резолуцијата изразува посебна загриженост за странското мешање и хибридните закани кои ја таргетираат Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан, вклучувајќи стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и политички мотивирани инвестициски практики со потекло од Русија и Кина.
Дополнително, се алармира за улогата на Унгарија и Србија во промовирањето на геополитичките интереси на Москва и Пекинг, а како ризик се наведуваат асиметрични договори за заем кои можат да ја направат Северна Македонија зависна, меѓу кои се спомнува и унгарскиот заем за Скопје со, како што се наведува, кинеско потекло.