МАКЕДОНИЈА

Европратеникот Стојанов: Извештајот за С. Македонија е скандалозно компромитиран

03 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарскиот европратеник Станислав Стојанов остро реагираше во Европскиот парламент заради, како што истакна, сериозни прекршувања во изработката на извештајот за напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ.

„Сакам да потсетам дека токму Бугарија во 2022 година го крена ветото и го деблокираше процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Затоа, ако зборуваме за проблеми, тие не се веќе билатерални, туку помеѓу Северна Македонија и Европската Унија“, изјави Стојанов.

Тој рече дека како известувач во сенка со големо жалење морал да укаже на „сериозни нарушувања“ во процесот на подготовка на извештајот. Според него, македонските власти активно учествувале во неговото составување, што претставува недозволена практика.

„Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, самиот изјави дека има протекување на информации во реално време и јавно се изрази незадоволство за одредени амандмани, пред тие воопшто да бидат усвоени“, нагласи Стојанов.

Дополнително, европратеникот информираше дека добиле податоци за бројни недекларирани средби помеѓу главниот известувач и властите во Скопје – што, како што рече, е спротивно на правилата за транспарентност на Европскиот парламент. Средбите биле пријавени дури откако темата била отворена од страна на Стојанов и други известувачи во сенка.

„Побарав извештајот да биде стопиран, додека не се спроведе истрага и не се разјасни како е можно земја-кандидат да има пристап до доверливи информации и да влијае врз неговата содржина. Тоа го прави документот компромитиран и необјективен“, рече Стојанов.

Тој изрази уверување дека Европскиот парламент ќе го разгледа случајот сериозно и ќе реагира соодветно за да го заштити сопствениот интегритет и углед.

На крајот, Стојанов побара од останатите европратеници да се изјаснат за можниот нерегулиран притисок од трета држава врз европските институции и побара објаснување за тоа како во извештајот се појавиле шест идентични амандмани поврзани со македонскиот јазик и идентитет.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени