02 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Коридорот 8 не е значаен само за Северна Македонија и Бугарија, туку и за целата Европска Унија, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Скопје. Таа посочи дека коридорот ќе биде дел од новата стратегија за Црното Море и ќе го поврзе ЕУ со централноазиските земји, при што Северна Македонија има клучна улога.
Премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос заеднички најавија напредок околу договорот со Бугарија за развој на Коридорот 8. Викендов македонската влада соопшти дека експерти од двете земји на 16 јули ќе се сретнат во Брисел за да усогласат текст на договор за изградба на заеднички тунел што ќе го забрза железничкото поврзување.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов минатата недела во Истанбул се договориле за нови чекори за развој на транспортната инфраструктура. Николоски најави дека е можно двете држави заеднички да аплицираат за грант од ЕУ за изградба на тунелот, со цел да се унапреди регионалната економија и трговија.