25 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската Унија сериозно размислува да ја суспендира или целосно да ја затвори канцеларијата на ЕРАЗМУС во Северна Македонија, поради несоодветното назначување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова го потврдија извори од Брисел за Инфомакс.
Брисел испратил официјално писмо до Министерството за образование и наука и Националната агенција, во кое се наведува дека тие имаат рок од 30 дена да ги спроведат потребните корективни мерки. Една од клучните забелешки е токму назначувањето на Богојески, кое, според Европската комисија, носи ризик од судир на интереси и кршење на етичките стандарди.
Иако Богојески своето повлекување го објасни како резултат на „надградба на коалицискиот договор“, информациите од Брисел укажуваат дека неговото разрешување било побарано од ЕУ поради несоодветноста за функцијата.
Дополнително, Брисел е незадоволен и од неактивноста во случајот со злоупотреба на 2,2 милиони евра преку програмата „Еразмус плус“, случај за кој веќе постои кривична пријава. Евентуалното неисполнување на условите може да доведе до прекин на поддршката од ЕУ до 2027 година, што вклучува загуба на околу 7 милиони евра годишно.
Во писмото од Европската комисија стои:
„Комисијата е загрижена поради назначувањето на новиот директор, особено поради потенцијални судири на интереси и етички прашања... Доколку овие забелешки не се решат соодветно, Комисијата е подготвена да ги оствари своите права според правото на ЕУ.“
Агенцијата е основана со закон и директорот се избира преку јавен оглас, а се назначува од Управниот одбор. За позицијата директор, кандидатите мора да исполнуваат низа критериуми, меѓу кои и петгодишно работно искуство и познавање на англискиот јазик потврдено со меѓународни сертификати.
Доколку земјата не постапи по барањата на ЕУ, постои реална опасност не само за затворање на агенцијата, туку и за враќање на сите средства добиени од 2020 година наваму — сума која може да достигне до 40 милиони евра.