19 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската Унија не предвидува можност за предоговарање на т.н. „француски предлог“, кој беше основа за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ. Ова го изјави германската амбасадорка во Бугарија, Ирена Марија Планк, во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), нагласувајќи дека договорот е резултат на заеднички консензус на сите 27 земји членки на ЕУ.
„Овој предлог е усогласен меѓу сите членки на Унијата и како таков претставува темел врз кој Северна Македонија ги започна преговорите. Не постои простор за негово предоговарање,“ беше децидна амбасадорката Планк.
Во контекст на барањето за внесување на Бугарите во Уставот на С. Македонија, што е дел од условите содржани во францускиот предлог, Планк потврди дека ова прашање останува клучно за продолжување на пристапниот процес.
Таа дополнително потенцираше дека владеењето на правото е еден од најважните аспекти во пристапните преговори на Северна Македонија со Унијата, заедно со почитувањето и спроведувањето на веќе постигнатите договори.
Амбасадорката се осврна и на значењето на Коридорот 8, забележувајќи дека неговото изградување не се одвива со посакуваната динамика. Таа го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека средствата наменети за Коридор 8 не треба да се пренасочуваат за Коридор 10, кој ја поврзува Северна Македонија со Србија.
Сепак, Планк изрази оптимизам по неодамнешната средба на министрите за транспорт на Северна Македонија и Бугарија во Истанбул, каде било постигнато договор за изградбата на тунел на границата меѓу двете држави – клучна точка за поврзувањето преку Коридорот 8.
„Изградбата на овој инфраструктурен проект е важна не само за регионалната поврзаност, туку и за стабилноста во поширок европски контекст, вклучително и за Украина,“ нагласи таа, објаснувајќи дека Коридорот 8 може да одигра значајна улога во услови на руската агресија врз Украина.
Планк потсети и дека новиот германски министер за надворешни работи неодамна ја посетил Украина, каде ја потврдил посветеноста на Германија за сеопфатна поддршка на земјата.
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство