30 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Со порастот на температурите, сезоната на пожари во Македонија веќе започнува да се чувствува. Денеска избувна пожар и во скопско Визбегово, а надлежните апелираат за максимална внимателност за да се спречат катастрофални последици.
Меѓутоа, од трите противпожарни авиони „ер трактори“ со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), моментално само еден е целосно оперативен и подготвен за интервенции. Вториот авион се очекува да пристигне од сервис следната недела, додека третиот има посериозен дефект, за чие отстранување ќе бидат потребни повеќе денови од првично планираното.
Ситуацијата со кадарот исто така не е розова. Во моментов, ДЗС има само еден активен пилот, што е далеку од доволно за летна сезона во која традиционално се појавуваат повеќе пожари. Како и минатата година, повторно ќе мора да се активираат двајца пензионирани пилоти, Стоје Арсовски и Васко Михалчев, кои јавноста со право ги препозна како вистински херои поради нивната подготвеност повторно да се вратат на опасната задача наместо да уживаат во пензија.
Новоназначениот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека се прават напори за засилување на тимот со нови пилоти. Тој најави дека до септември се очекува бројот на пилоти да се зголеми на пет, со тоа што еден пилот кој претходно бил спречен да лета поради физичка повреда и судски спор, наскоро повторно ќе биде активиран.
– До септември очекувам да имаме уште еден пилот плус, кој ќе оди на дополнителна обука. Со двајцата пензионирани пилоти, деновиве треба да ги потпишам договорите кои би требало да важат и за следната година. Дополнително се обидувам да обезбедам уште еден, петти пилот – изјави директорот Ангелов.
Сепак, со оглед на ограничените ресурси и човечки капацитети, ќе мора да се надеваат дека ова лето ќе има што помалку пожари, бидејќи, како што стојат работите сега, борбата со огнената стихија повторно ќе падне врз мал број луѓе и ограничени авиони.