МАКЕДОНИЈА

Двомесечно бебе донесено без знаци на живот во струшката болница

28 мај 2025

• од Вардарски

Тешка трагедија ја потресе струшката околина утрово, кога двомесечно бебе било донесено без знаци на живот во Детското одделение при Општата болница во Струга. Информацијата ја потврди директорот на болницата, Владимир Бунчески, за порталот Независен.

Родителите го донеле бебето од струшко село околу 8:30 часот. Веднаш по пристигнувањето, медицинскиот тим пристапил кон обид за реанимација, но за жал, педијатарот ја констатирал смртта.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, по наредба на јавен обвинител извршена е обдукција врз телото на бебето. Судскиот лекар не констатирал траги на насилство.

Полицијата од ОВР Струга извршила разговори со родителите и увид во нивниот дом за да се утврдат околностите поврзани со трагичниот настан. Причините за смртта ќе бидат утврдени по завршување на обдукцискиот извештај.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени