13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше на континуираниот раст на цените на основните прехранбени производи и нафтените деривати, критикувајќи ги институциите за, како што велат, недостаток на реакција и конкретни мерки за справување со економскиот притисок врз граѓаните, пренесува Tetovasot.
Според соопштението на ДУИ, веќе една недела граѓаните се соочуваат со постојано поскапување на основните производи, додека Министерството за економија и Владата остануваат без јасен одговор и без конкретни чекори за олеснување на притисокот врз семејните буџети.
Од партијата предупредуваат дека од понеделник се очекува ново зголемување на цените на нафтените деривати, што директно ќе влијае врз поскапување на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и бизнисите.
„Во ваква ситуација улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните“, се наведува во реакцијата на ДУИ.
Од партијата посочуваат дека постојат неколку итни мерки кои, според нив, можат веднаш да се преземат за справување со економската ситуација:
Според ДУИ, станува збор за реални мерки кои можат веднаш да се реализираат доколку постои институционална волја.
„Граѓаните имаат потреба од брза реакција и економски политики кои ќе ги заштитат во време на криза. Институционалната тишина не е одговор на растот на цените“, се наведува во заклучокот од соопштението.
Филипче: Мицкоски е чувар на столчето за враќање на вистинскиот шеф – Груевски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

