02 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја обвини Владата дека со своето однесување ја оддалечува државата од искрените пријатели и од европскиот пат.
Повод за реакцијата, како што наведуваат од ДУИ, е односот кон еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која во изминатите два дена престојуваше во земјава во рамки на лидерскиот самит ЕУ – Западен Балкан.
ДУИ во своето соопштение посочува дека комесарката Кос е искрен и значаен пријател на државата, не само поради нејзината функција која е клучна за процесот на евроинтеграции, туку и поради нејзиниот „длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на етничките посебности во Европа“.
Партијата остро реагираше на тоа што, според нив, изјавата на Кос дека идентитетот не треба да биде предмет на политички условувања, туку суштински израз на човековото достоинство, станала цел на „кампања на омраза и потсмевање“, при што како извор на ваквите реакции посочуваат структури блиски до власта.
ДУИ исто така упати критики кон министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, изразувајќи загриженост што тој не ја бранел јавно позицијата на комесарката Кос, ниту, како што велат, го истакнал значењето на вредностите врз кои се темели институцијата што ја предводи.
„Напротив, со своите неточни и релативизирачки ставови, тој стана дел од една линија на однесување која го доведува во прашање односот со еден од најсилните гласови што ја поддржуваат нашата европска перспектива“, стои во соопштението на ДУИ.