24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска излезе со серија конкретни факти со кои, како што наведуваат, се потврдува дека граѓаните трпат штета во услови на енергетска криза, додека одредени бизнис-интереси профитираат.
Од партијата посочуваат дека, иако на меѓународните берзи цените на нафтените деривати бележат значително намалување од околу 10 проценти, во земјава граѓаните и понатаму ќе плаќаат повисоки цени во текот на целата недела. Според ДУИ, причината за ова е начинот на кој Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува цените.
„Комисијата продолжува да применува застарен модел, базиран на просекот од претходната недела, наместо да реагира во реално време“, велат од ДУИ.
Од таму оценуваат дека ваквата практика оди директно во прилог на одредени деловни интереси, на штета на граѓаните и малите бизниси.
ДУИ бара итни измени во регулативата, со цел, како што наведуваат, да се обезбеди поправеден и потранспарентен систем за утврдување на цените на горивата. Конкретно, тие предлагаат:
Партијата ги изнесе и, како што ги нарекува, „алармантни факти“:
Според ДУИ, ова значи дека граѓаните и малите компании плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем.
„На крајот, останува едноставното прашање – во чиј интерес работи Владата: на граѓаните или на неколку привилегирани компании?“, прашуваат од ДУИ.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

