28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на, како што ги нарече, најновите обиди за делегитимирање на пописот на населението спроведен во 2021 година.
„Овој попис за првпат по 2002 година ја прикажа реалната демографска слика, каде Албанците се застапени со 29,5%, наспроти 25,17% во 2002 година,“ соопштија од ДУИ.
Партијата обвинува дека актуелната влада донела „срамна, неправедна и антиуставна“ одлука со која процентуалната застапеност на Албанците била административно намалена на 24,3%, исклучувајќи ја дијаспората од официјалните резултати. „Со тоа Албанците беа прикажани дури и со помал удел отколку во 2002 година“, истакнуваат од ДУИ.
Според нив, ваквиот потег — кој веќе бил поништен како незаконит — не бил само техничка грешка, туку тежок политички акт со цел систематско намалување на бројот на Албанците во статистичките податоци, занемарувајќи го нивниот придонес и правата на дијаспората.
ДУИ потсетува дека токму оние кои денес повторно го доведуваат во прашање пописот од 2021 година се истите што, во 2024 година, гласале за исклучување на над 300.000 Албанци кои живеат во странство, со што се спуштил процентот на застапеност на Албанците на 24,3%.
„Ако некој треба да одговара за манипулациите, тоа се функционерите на оваа влада и нивните албански соработници, кои изгласаа и спроведоа одлуки што директно и долгорочно ги оштетуваат Албанците,“ се наведува во реакцијата.
ДУИ ја повтори својата цврста заложба дека нема да дозволи Албанците да бидат третирани како невидливи граѓани во сопствената држава. Партијата најави дека ќе ги искористи сите демократски, правни и политички механизми за да ја заштити демографската реалност и правото на правична и соодветна застапеност.