МАКЕДОНИЈА

ДУИ реагира: Системска дискриминација врз Албанците во Фондот за здравствено осигурување

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изрази длабока загриженост и остро го осуди, како што велат, најновиот пример на системска и намерна дискриминација врз Албанците во јавните институции.

ДУИ посочи на случајот во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, каде што, според нивните информации, биле реализирани вкупно 19 унапредувања, од кои 18 за Македонци, едно за припадник на турската заедница, а ниту едно за Албанец.

„Ова е јасен показател за етничка исклученост и грубо кршење на уставниот принцип за правична и соодветна застапеност. Се потврдува континуитетот на дискриминаторски политики што ги спроведува оваа влада,“ се наведува во реакцијата на ДУИ.

Според партијата, ваквите чекори претставуваат дел од поширок систем на етничка изолација, со кој Албанците се маргинализираат во институциите и им се ускратува правото на професионален и институционален развој.

„Наместо еднаквост, се спроведува исклучувачки систем кој унапредува само етнички селектирани лица, ги игнорира албанските професионалци и им ја одзема можноста за напредок. Сè започна со неуставното укинување на балансерот од страна на Уставниот суд, со што се создадоа услови Албанците да бидат третирани како непожелни во државната и јавната администрација,“ се вели во соопштението.

ДУИ апелираше до сите државни институции да постапуваат транспарентно и одговорно, нагласувајќи дека нема да дозволат Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената земја.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени