06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги осудува ставовите и скандалозните изјави на министерот за правда, кој со својата директна интервенција грубо го прекршил уставниот и законскиот поредок на државата.
На брутален и неприфатлив начин, министерот ги игнорираше легитимните правни барања на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик – право загарантирано со Уставот и со закон.
Овој чин претставува опасен институционален преседан, со кој министерот за правда се поставува над Уставот, над законите, над Владата и над сите други државни институции, сериозно нарушувајќи ги темелните принципи на владеењето на правото.
Според ДУИ, ваквиот пристап не само што ја нарушува јазичната и правната еднаквост, туку директно удира врз темелите на уставниот поредок и меѓуетничкиот соживот во државата.
Демократската унија за интеграција ја повикува Владата да не дозволи министерот за правда да се поставува над законите и над Уставот, туку да преземе конкретни мерки со кои на албанските студенти ќе им се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик – јазик на кој ги завршиле студиите и кој е службен јазик согласно уставниот поредок на државата.
Потсетуваме дека по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, за време на претходната влада, беше подготвено законско решение кое овозможуваше полагање на правосудниот испит и на албански јазик. Сепак, актуелното владејачко мнозинство го повлече тоа решение од процедурата за усвојување, без никакво дополнително образложение, и никогаш повеќе не го врати на разгледување.
ДУИ повторно ја изразува целосната поддршка за албанските студенти и бара итно почитување на законот, Уставот и еднаквите права за сите граѓани.
Институционалниот молк околу овој чин претставува соучесништво, а политичката одговорност не може и не смее да се избегне.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

