28 мај 2025
• од Вардарски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше поради најновите вработувања во хидроелектраната Маврово – Вруток, посочувајќи дека се ангажирани 12 нови лица, без присуство на ниту еден припадник на албанската заедница. Според партијата, овој случај претставува флагрантен пример на етничка исклученост и дискриминација.
„Станува збор за институција сместена во регионот на Гостивар, каде што Албанците се мнозинство. Неодговорното игнорирање на нивната застапеност е спротивно на принципите на правичност и еднаквост, кои се темел на државниот институционален систем,“ се вели во соопштението на ДУИ.
ДУИ предупредува дека ваквиот пристап ја нарушува довербата на граѓаните и го поткопува меѓуетничкиот соживот во државата, нанесувајќи штета на концептот на мултиетничко општество во Северна Македонија.
Од партијата потенцираат дека случајот со ХЕЦ Маврово – Вруток не е изолиран, туку дел од поширок тренд на систематска маргинализација на албанците од јавната сфера. Тие апелираат до Народниот правобранител итно да покрене истрага за евентуално кршење на правото на еднаков пристап и недискриминација при вработување.
Дополнително, ДУИ ги повикува и меѓународните претставници во земјата да обрнат внимание на ваквите, како што велат, загрижувачки појави кои се спротивни на напорите за изградба на фер и инклузивно општество.
Партијата ја потврдува својата заложба за заштита на правата на албанските граѓани и за зачувување на мултиетничкиот карактер на институциите во државата.