28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на, како што ја нарече, најновата манифестација на намерна и систематска дискриминација врз Албанците во државните и јавните институции.
Од партијата на Али Ахмети посочија дека во само еден случај — при последните унапредувања во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија — биле реализирани вкупно 19 унапредувања, од кои 18 лица се Македонци, едно лице е Турчин, а ниту едно лице од албанска етничка припадност.
„Ова е јасен показател за етничка исклученост и директно кршење на уставниот принцип за правична и соодветна застапеност,“ реагираат од ДУИ, оценувајќи го случајот како доказ за, како што велат, континуирани дискриминаторски политики што ги спроведува оваа влада.
Од ДУИ предупредуваат дека актуелната влада „секојдневно дејствува како режим на етничка изолација“, претворајќи ги јавните институции во „ѕидови за Албанците“. Наместо да обезбеди еднакви шанси, владата, според нив, практикува исклучувачки систем кој унапредува само „етнички селектирани лица“, ги игнорира албанските професионалци и им ја скратува можноста за професионален напредок.
Како дополнителен аргумент, од ДУИ посочија на одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот, мерка која требаше да гарантира правична етничка застапеност, што, според нив, отворило простор Албанците да бидат третирани како непожелни во државната администрација.
„Упатуваме апел до сите институции за максимална транспарентност и одговорност и јасно порачуваме дека нема да дозволиме Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава“, стои во реакцијата на ДУИ.