03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), денеска објави на својот профил на Фејсбук дека неговата партија ќе се залага за отворени листи на следните парламентарни избори.
„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, порача Османи, нагласувајќи дека тоа е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачите и да се обезбеди вистинско претставување во законодавниот дом.
Оваа најава доаѓа во време кога темата за изборниот модел повторно станува актуелна во јавноста. Последните иницијативи, предводени од Либерално-демократската партија (ЛДП) и нејзината претседателка Моника Зајкова, најавуваат поднесување предлог-закон за воведување една изборна единица и отворени листи. Идејата е поддржана и од премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат моделот со една изборна единица, во која ќе може да гласа и дијаспората.
Со поддршката на оваа иницијатива од страна на ДУИ, се зголемува веројатноста за поширока политичка согласност околу изборните реформи, што би можело значително да го промени начинот на кој граѓаните ќе ги избираат своите претставници во идниот парламентарен состав.