17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска реагираше во врска со значителното зголемување на цените на нафтените деривати во земјава, обвинувајќи ја Владата за неактивност и отсуство на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
Од партијата истакнуваат дека државата во моментов функционира без функционално Министерство за економија, додека во исто време се очекува сериозен пораст на цените на основните производи, транспортните трошоци и генерално поскапување на животот за граѓаните.
ДУИ ги информира граѓаните дека доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10 проценти, што дополнително ќе ги оптовари семејните буџети.
„Оваа Влада нема капацитет да управува со кризи кои се случуваат и на 2.000 километри од државата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи“, велат од ДУИ.
Од партијата повторно упатија апел до Владата сериозно да ги разгледа нивните предлози, нагласувајќи дека ќе дадат целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните бидат предложени и усвоени во Собранието.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

