29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска остро реагираше на најавите за нов електронски попис и на, како што велат, „континуираните обиди за дискриминација и маргинализација на Албанците“ во Македонија.
Од партијата потсетуваат дека уште во 2022 година лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски јавно ги оспори резултатите од пописот, каде што беше утврдено дека Албанците сочинуваат 29,5% од населението. Според ДУИ, најавата на Мицкоски за нов „електронски попис“ со цел да се „коригираат“ тие резултати е дел од поширока агенда со националистички карактер.
„Ова не е изолиран случај, туку дел од серија националистички ветувања собрани под слоганот ‘да им се покаже местото на Албанците’“, стои во соопштението на ДУИ.
ДУИ посочи и на други политики кои, според нив, претставуваат закана за правата на Албанците — како укинувањето на Балансерот, намалувањето на употребата на албанскиот јазик во институциите, и исклучувањето на Албанците од раководни позиции во администрацијата, безбедносните служби и одбраната.
„Она што е особено загрижувачко е што делови од ВЛЕН, како коалициски партнер, со својата поддршка практично ја легитимираат оваа политика“, велат од ДУИ, додавајќи дека со тоа се создава лажна слика за мултиетнички карактер на владата и наводна заштита на интересите на Албанците.
„Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на дигитален инженеринг од страна на власта, без оглед на тоа што во таа операција активно учествуваат и Албанци од ВЛЕН“, порачуваат од ДУИ, најавувајќи дека ќе се спротивстават на ваквите политики, кои ги оценија како опасни за иднината на државата.